ВИДЕО: Авио акробации од кои застанува здивот

Авио акробации од кои застанува здивот

Како изгледаат авио акробациите што ги изведува руската пилотка Светлана Капанина? Капанина е прогласена за пилот на векот и е најнаградуваниот пилот воопшто досега, а видео снимката од нејзиниот кокпит ќе ви овозможи да видите како изгледаа авио акробациите за време на нејзиниот лет во Сочи.

На видеото објавено од „Раша тудеј“ се гледа брегот на Црното море и инфраструктурата за зимските олимписки игри во Сочи.

Капанина изведува авио акробации од 1988-мата година, а оттогаш досега победила на Светскиот акробатски шампионат за жени седум пати. Златниот медал на светскиот шампионат досега го освоила 39 пати.

Капанина е прогласена за пилот на векот
Капанина е прогласена за пилот на векот

На нејзиното прво натпреварување на Светските шампионати, во Јужна Африка во 1995-тата таа била единствената жена која учествувала на престижното натпреварување и сепак успеала да го земе второто место.

-Акробатското летање е мојот живот, мојата работа, па дури и моето хоби, вели таа.