ВИДЕО: Авион-ловец се урна во населено место во Калифорија

Авион-ловец од типот „хариер“ на Воената морнарица на САД се урна вчера во округот Империјал, во американската сојузна држава Калифорнија, јави телевизијата „Кеј-ти-ел-еј“.

Несреќата се случила во 4.20 часот по локално време во населена област. При падот на ловецот, авион со вертикално полетување, се слушнала силна експлозија и била запалена една куќа, а две згради оштетени. Во инцидентот нема повредени.

Според телевизијата, пред падот пилотот успеал да се катапултира и сега се наоѓа во болница. Авионот бил од воено поморската база Јума.

На 9 мај се урна друг хариер, и притоа пилотот исто така се катапултираше, а авионот падна на ненаселен предел.