ВИДЕО: Авион остана без тркало при слетување

Вистинска драма се случила во авион со 94 патници кој летал на линијата Порт Елизабет и Јоханесбург кога при слетување пилотот ги информирал патниците дека останале без едно тркало.

Еден од патниците раскажал дека се се’ случило неверојатно брзо.

-Се слушна силен удар, а потоа имаше тресење. Тркалото отпадна, авионот се навали, видов искри кога крилото го допре дното. Потоа сфатив дека крилото потполно пукна, вели Ман.

Пожарникарите стигнале, но пожарот не избил бидејќи пилотите успеале да го запрат леталото.

Компанијата „Комер“, која е задолжена за летовите на „Бритиш ервејс“ во Јужна Африка навела дека никој не е повреден.

-Патниците се префрлени во зградата на аеродромот, а инцидентот се случил поради проблем со тркалото за време на слетувањето, наведуваат од компанијата.