ВИДЕО: Авион погоден од гром и тоа три пати

За време на летот на авионот од Амстердам до Бирмингем имало силна бура. Во еден момент леталото било погодено од три громови.

Патниците ја чуле вревата, но не се исплашиле премногу, ниту пак пилотот.

„Дами и господа, можеби забележавте дека авионот беше погоден од гром“, со смирен тон соопштил пилотот кога авионот безбедно слетал.

Еден од патниците рекол дека небото било навистина темно и дека во еден момент ја слушнал вревата, но помислил дека нешто се случило со еден од моторите.

„Не беше застрашувачки, всушност, беше многу возбудливо“, додал патникот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.