Свет

ВИДЕО: Авион се урна на аеродром, четворица загинати

ВИДЕО: Авион се урна на аеродром, четворица загинати

Четири лица починаа, а петмина се повредени кога авион се урнал во зграда на аеродромот во градот Вичите во Канзас.

Инцидентот се случил при обид машината да се врати назад на аеродромот.

Едниот од повредените е во критична состојба. Авионот полетал од аеродромот, но поради засега непозната причина се обидел да се врати на патеката. Малку пред несреќата пилотот соопштил за проблем со моторот на машината.

Beechcraft 200 – Super King Air се смета за еден од најдобрите авиони во својата класа.