ВИДЕО: Авион се урна на автопат во Мексико

Најмалку пет лица загинаа кога мал авион се урна на автопат меѓу Мексико сити и Керетаро.

Во несреќата загинале пилотот, помошникот и тројца патници.

Првичната верзија за инцидентот е дека пилотот се обидел да слета принудно на автопатот, но изгубил контрола.

На местото на несреќата работат спасувачки екипи и пожарникари. Движењето е суспендирано и во двете насоки.