Видео: Авион слета среде автопат

Мал авион Цесна слетал среде автопат во Њу Џерси. За среќа, никој не е повреден, а Цесната останала недопрена.

Ендрју Меј учел да вози камион со пријателот Карл Вајс, кога пред нив одеднаш се појавил авион.

– Одеднаш се појави авион и веќе почувствував како се судираме. За среќа, избегнавме несреќа за влакно. Фала Богу, рекол Ендрју.

Меј рекол дека пилотот вешто го спуштил авионот и не направил ниту еден судир со возилата кои се движеле по патот.

– Авионот остана без гориво, затоа морав итно да слетам. Гледав каде е најблискиот автопат и полека се спуштив, рекол пилотот.