Свет

ВИДЕО: Авионот на рускиот министер за одбрана пресретнат од авиони на НАТО

ВИДЕО: Авионот на рускиот министер за одбрана пресретнат од авиони на НАТО

Авионот на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу бил пресретнат од група бобени авиони на НАТО, додека се движел кон Калинград, над неутралните води на Балтичкото Море, пренесуваат руските медиуми.

Авионите на НАТО се наоѓале на два километри од леталото во кое се возел Шојгу, кој го следеле четири ловци Су-27.

Шојгу отпатувал во руската западна енклава Калинград со цел да провери како се одвива обновувањето на воениот аеродром во близина на градот.

Со рускиот министер за одбрана во авионот биле и новинари на ТАСС, Интерфакс  и РИА Новости кои, како што наведоа, го препознале авионот „еврофајтер тајфун“, ловец со два мотори направен за потребите на НАТО.