Магазин

ВИДЕО: Австралиец воодушеви со сурфање со мотор

ВИДЕО: Австралиец воодушеви со сурфање со мотор
ВИДЕО: Австралиец воодушеви со сурфање со мотор

Роби Мадо Медисон од Австралија неодамна воодушеви со своето сурфање со мотор низ океанот на плажата Теахупо на Тахити.

Теахупо е плажа чии бранови се најголеми во светот, тврди Смитсонијан.

Цели две години Мадисон се обидувал на сурфање со мотор на брановите и притоа правеше историја. Тој сурфа од својата осма година, па тоа знаење го искористил за остварување на неговиот сон за „ставање скии на мотор и возење по вода“.

– Тоа што најмногу ќе ми остане во сеќање по целото искуство е чувството колку сето тоа беше физички и психички напорно. Навистина мислев дека ќе биде полесно да се улови вистински бран. Мислам дека фотографиите и видеото не прикажуваат колку беше напорно. Не можете да видите дека кога бранот дојде право зад мене, навистина мислев дека тоа е крајот на мојот живот. Тогаш бев убеден дека сум на погрешно место во погрешно време. Беше тоа искуство на работ на смртта. На крајот фотографиите и снимките прикажуваат нешто фантастчно, но колку се заедно беше диво всушност е невозможно да се пренесе, рече тој.

Тој во еден момент бил поклопен од голем бран, моторот му завршил на грбот и за малку ќе се удавел.

– Многу ми олесна што преживеав и што го постигнав тоа што го постигнав на Тахити. Неверојатно е да се гледа кулминацијата на мојот сон која не дојде со величенствен медал и публика која вреска, но наградата е тоа што сум прва личност која на мотор се возеше по овие води и направи нешто сосема поинаку, порача тој.