ВИДЕО: Австралијка „падна“ на првото прашање на „Милионер“

Витни Беслер од Австралија сигурно ќе влезе во историјата на светски популарниот квиз „Кој сака да биде милионер“, откако падна уште на првото прашање.

На прашањето „кој од наведените накити не ја симболизира врската меѓу две личности“ биле понудени одговорите: „веренички прстен“, „прстен за годишнина“, „венчален прстен“ и „бургер прстен“.

„Бургер прстени“ („Burger Rings“) е вид на флипс во Австралија.

Ова прашање меѓутоа се покажало како „преголем залак“ за Витни, која дошла до заклучок дека точниот одговор е „прстен за годишнина“ и го одбележала како конечен.

Кога и било кажано дека точниот одговор е „бугрер прстен“, Витни изјавила дека никогаш во животот толку не се посрамотила.

На крајот како утешна награда, водителот и подарил пакетче флипс „Burger Rings“.