ВИДЕО: Австралиска пратеничка побара признавање на Македонија под уставно име

Поддршката за признавае на Република Македонија под уставното име од страна на Австралија расте. По пратеникот Лук Симпкинс денеска својата поддршка ја упати и пратеничката Алана МекТирнан од Перт.

Алана во својот говор пред Парламентотрече дека Австралија се наоѓа во мала група држави кои на Македонија и се обраќаат преку времената референца меѓу кои не се традиционалните австралиски сојузници како САД, Британија и Канада.

Пратеничката исто така ја искажа и својата поддршка за напорите што Македонија ги прави да стане членка на Европската Унија.

Исто така таа додаде дека Македонците кои живеат во Австралија неуморно ги користат своите таленти и способности да ја претстават својата земја на сите полиња од човековото живеење, вклучувајки ја културата и традицијата на најдобар начин.

Пратеничката од Перт ја искажа својата огромна благодарност до македонскиот амбасадор во Австралија, Веле Трпевски за неговиот ангажман и напорите за промоција на интересите на Република Македонија во Австралија, како и до Почесниот Конзул Ќосески.

Ова е уште една потврда дека подршката за признавање на уставното име од страна на Австралија расте, и се надеваме дека наскоро сите ке го имаат истото мислење и ке ги подржат предлозите на Лук Симпкинс и Алана МекТирнан со што Австралија ке ја признае Република Македонија под нејзиното уставно име и ке се отфрли досега употребуваната претставка ФИРОМ.