(ВИДЕО) Австралиски Ханибал: Убил 14 лица и ги фрлил во кланица

Енди Албури, кој уште го нарекуваат австралискиот Ханибал Лектор, е осомничен за убиство на 14 лица кои исчезнале од Австралија од 1970 до 1982 година.

Тој е во затвор и издржува животна казна за убиство на на Абориџинка во 1983 година. Тој е осуден дека ја убил со скршено шише, и ги расекол градите и и ги ископал очите. Следната година бил осуден на доживотен затвор, а на судот му порачал дека воопшто не мисли на слобода.

Минатата  недела полицијата повторно покрена истрага откако Енди признал дека убил уште 14 лица.

Стјуарт Кристенсен, сегашен сопственик на кланицата каде порано работел Енди рекол дека некој многу лесно може да убие човек, да го распарчи и да го фрли на свињите без да биде забележан. Тој додал на тој начин поицијата нема да може да најде ДНК и да го докаже тоа.

Лекарите тврдат дека монструмот пати од ментално пореметување.

Според психијатрите, тој е опасен човек кој фантазира за тероризирање на градот и како убива луѓе.

Истрагата продолжува и се бараат докази убиствата кои ги признал Енди.