ВИДЕО: Австралискиот премиер намигнува на пензионерка која работи на секс-линија

Австралискиот премиер Тони Абот за време на радиски разговор во живо се соочи со лута пензионерка која му рекла дека е присилена да работи на телефонска секс – линија за да скрпи крај со крај. Она што предизвика бурна реакција е потегот на премиерот. Додека жената зборувала камерата снимила како Абот намигнува и се смешка. Потоа погледнал диретно во камерата и одеднаш станал сериозен.

Владините претставници образложиле дека министерот намигнал со цел да им потврди на новинарите дека е подготвен да одговори на прашањето.

Абот кој и порано е етикетиран како сексист, подоцна во емисијата се обидел да најде одговор за пензионерката.