ВИДЕО: Aвтобус за малку ќе го прегазеше Том Круз

Актерот Том Круз за малку избегнал удар од автобус, а сето тоа го снимил случаен минувач, кој снимаката ја закачил на Јутјуб.

Моментално актерот се наоѓа во Лондон, каде што го снима филмот „Невозможна мисија 5“.

Тој брзал низ улиците на британската престолнина и во невнимание сакал да премине улица, кога од едната страна се појавил голем црвен автобус.

За среќа избегната е несреќа, па Том Круз брзо сфати што се случува и се повлече на тротоарот.