ВИДЕО: Авторската песна на пејачот кој ја направи горда Македонија

Ален Хасановиќ, прилепчанецот кој го крена жирито на нозе со својата изведба во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ ја промовираше својата прва авторска песна.

Имено, победникот на реномираниот фестивал „Канео Фест 2014“ го промовираше својот најнов видео запис за авторската песна „Кога сфатив“ на македонски, односно „Кад си мени рекла иди“ на српски јазик.

alen

На промоцијата покрај пријателите, присуствуваше и голем дел од новинарската фела, како и јавни личности кои дојдоа да му ја дадат својата поддршка на овој млад талентиран музичар.

alen1

Месец дена подоцна, во август младиот пејач Ален Хасановиќ ја имаше честа пред 20.000 публика да го отвори фестивалот „Стари Град“ во Србија. Таму на сцената настапи заедно со ју-легендите „САРС“, „Црвена Јабука“, Ален Исламовиќ и многу други.

“Си поминав преубаво и ми беше голема чест да го отворам фестивалот. Вистинско задоволство е да се настапува на јубилејно издание на еден таков реномиран фестивал каков што е “Стари Град““, изјави Ален по завршувањето на фестивалот.

alen4

Иако не сакал да се пријави на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“, по долго инсистирање од својот татко и блиските пријатели, младиот пејач сепак го променил мислењето и отишол на аудицијата да си ја испроба среќата. Откако добил позитивни критики на аудицијата, започнал активно да се подготвува за својата изведба на големата сцена.

alen5

Талентираниот Ален покрај тоа што има извонреден глас, сам ја создава својата музика. Неговите видеа поставени на „ЈуТјуб“, за само 24 часа по неговото појавување на „Ѕвездите на Гранд“ ја надминаа бројката од 500.000 прегледи. Медиумите во регионот веќе пишуваат дека младиот Македонец има се за да биде победник на ова шоу.

Погледнете во продолжение како изгледа македонската верзија на неговата прва авторска песна која го носи насловот „Кога сфатив“.