Видео: Баба Ванѓа- последниот македонски пророк, денеска на Канал 5

Документарен филм за последниот македоски пророк, позната во светот како Баба Ванѓа од вечерва ќе почне да се емитува на Канал 5.

Вистинското име и е Вангелија Пандева Димитрова, а во јавноста е попозната како Баба Ванѓа и е родена на 31 јануари 1911.

По нејзиниот брак, таа го добива презимето Гуштерова. Најголем дел од нејзиниот живот го поминала во регионот Рупите на Кожуф планина во Пиринска Македонија, Бугарија. Верниците на неа ѝ припишуваат дека имала можност за предвидување, претскажување, разговарање со цвеќиња и ментално да посети различни места на земјава.

Инаку, многумина ја сметале и за лажна. Денеска, голем број на информации, од кои и повеќето се дискутабилни, можат да се најдат во книгата посветена за неа, а напишана од нејзината внука.

Таа ја знаела точната дата на својата смрт, 11 август 1996 година, и пред да почине рекла дека дарба како нејзината наследило 10-годишно слепо девојче кое живее во Франција, а за кое наскоро ќе слушнеме.

Баба Ванѓа зад себе има оставено многу пророштва кои се исполниле, но и треба наскоро да се исполнат, а што точно се случувало во нејзиниот живот, погледнете вечерва на Канал 5.