ВИДЕО: Балканци фатени со 300 килограми кокаин во Шпанија

Шпанската полиција во петокот уапси Хрват, Србин и Црногорец поради шверц на речиси 300 килограми кокаин.

Шпанските агенти големата акција ја спровеле во соработка со националната полиција. Шверцерите биле откриени на јахта во водите крај Валенсија. Биле запленети вкупно 289 килограми кокаин со исклучително висок квалитет. Кога сфатиле дека се разоткриени, шверцерите дел од дрогата фрлиле во морето.

Ги фрлиле и телефоните и навигациските уреди. Се претпоставува дека во уредот била запишана дестинацијата каде требала дрогата да биде доставена, па полициските нуркачи трагаат по GPS уредот.

Дрогата на улиците на европските градови би достигнала цена од околу 15 милиони евра.