ВИДЕО: Балкански убавици „оперираат“ во Велика Британија

Безбедносните камери во еден шопинг центар во градот Дерби, Англија, снимиле тричлена женска банда за време на една кражба.

На видеото, е прикажана „операцијата“ на трите девојки за кои се претпоставува дека имаат балканско потекло.

Тие поголго време ја чекале својата жртва, почекале таа да подигне пари, а потоа ја ограбиле. Од жената успеале да одземат околу 2.000 фунти. Според полициски информации, бандата веќе неколку години успешно „оперира“  на Островот.

Едниот член од тројката е веќе уапсен, 23 годишната Србинка Ивана Р., и е осудена на 11 месеци затвор. Како што изјавиле полицајците, се надеваат дека преку неа ќе успеат да дојдат и до останатите две девојки.