ВИДЕО: Барби со нормални пропорции

Куклата со име Ламилу е новата замена на популарната Барби, за кој беше оценото дека има нереални пропорции. Ламилу е правена според пропорции на просечна деветнаесет годишна девојка.

Во последните дет децении Барби имаше пренагласено влијание врз светската култура.

Во текот на 90-тите години немаше девојче кое не посакуваше ваква кукла која постојано ќе ја дотерува. Но, проблемот не е во играта, туку тоа што девојчињата ја посакуваа нејзината, нереална фигура, за која веруваа дека е совршена.

Поради тоа што оваа кукла со нереални димензии  на многу девојчиња им беше идол и нерелеан идеал за убавина ја создадоа новата, како што ја нерекуваат  „Нормална Барбика“. Куклата е дело на уметникот Николас Лам и за брзо време стана хит на Интернет.