Спорт

Мајсторија на младиот плејмејкер (Видео) Барди дада два гола од слободен удар за три минути

(Видео) Барди дада два гола од слободен удар за три минути

Македонскиот репрезентативец Енис Барди постигна два гола за три минути во првото полувреме од натпреварот на неговиот тим „Леванте“ во вечерашниот натпревар на гостувањето против „Атлетико Билбао“. Барди важи за голем мајстор од слободни удари, и по неколку месеци пауза, Македонецот одново покажа што умее од прекин. „Леванте“ славеше со 3:1 за, најверојатно опстанок во лигата, а Барди стартуваше меќу првите единаесет по четиримесечна пауза.

Плејмејкерот вечерва речиси од иста позиција, од десниот агол на околу 20 метри од голот го матираше голамнот на „Билбао“, Кепа кој се обиде да ја извади топката од мрежа при првиот гол, но на вториот удар на Барди остана закован на гол линијата и можеше само со поглед да ја испрати топката.

Со денешните два гола, Барди оваа сезона постигна шест гола, од кои дури четири се од слободен удар. Според бројот на голови од слободен удар, пред него е само  Лионел Меси, кој постигна шест, но Аргентинецот за тоа искористил дури 46 удари, за разлика од Барди, на кого за четири гола му требааа само 15 удари.