ВИДЕО: Бебе се родило три месеци порано од воденикот

Малиот Силас Филипс на свет дојде дури три месеци предвреме и тоа на многу необичен начин – од амнионскиот меур, односно воденикот, кој при нормално породување пука пред раѓањето на бебето, објави „Дејли Мирор“.

Мајката на Силас се породила со царски рез во болницата „Седарс Синај“ во Калифорнија, а нејзиниот случај веќе е наречен медицинско чудо.

Силас внатре во меурот бил поставен во положба на фетус, но дишењето и биле непречено преку постелката.

Амнионскиот меур е исполнет со течност, па во него бебето плива, а тој воедно го заштитува и грее.

Мајката на Силас не знаела какво „шоу“ им приредил нејзиниот новороден син на лекарите во болницата, се додека не ги видела фотографиите.

– Тоа беше навистина кул да се види. И кога слушнав дека тоа навистина ретко се случува, веднаш помислив дека тоа е посебно бебе, изјаву Челзи Филипс.

Силас сега има 12 дена, а дома ќе може да замине за помалку од еден месец.