ВИДЕО: Бебе во количка падна на железничка пруга

Невниманието скапо можеше да го чини еден дедо на железничката станица во Мелбурн, откако внучето за кое се грижел падна од платформата.

Ужасниот момент го регистрираа безбедносните камери, на кои се гледа како количката со 18-месечното бебе се придвижува и паѓа на шините.

Очајниот старец со помош на уште неколкумина патници навреме го извлекоа девојчето, кое заработило сериозни повреди на главата, но е надвор од животна опасност.

Вистинска среќа е што во моментот на инцидентот на станицата не минал воз.