ВИДЕО: Белорускиот претставник на Евровизија сака да настапува гол

Белорускиот пејач Иван на 14-ти мај на Евровизија ќе настапи целосно гол и окружен со волкови.

Многумина мислеа дека 21- годишниот пејач се шегува кога најави како ќе изгледа неговиот настап, но видео снимките од пробите објавени на Лајф Њуз покажуваат дека неговата кореографија навистина ќе биде таква.

Иван, можеби ќе го промени планот во последен миг затоа што Евровизија забранува животни на сцена. Нема правила за голотијата, но Пол Џордан, претставникот на Евровизија за односи со јавност смета дека таквиот настап нема да биде прикладен.

Иван пак смета дека во неговата кореографија нема ништо лошо.

Тоа нема врска со вулграрноста и сексот. Сакаме да имаме уметнички, а не порнографски настап, рече тој.

Зад ова стои Виктор Дробип, рускиот продуцент што работел на големи Евровизиски хиторви, а смета дека „убавината на настапот на Иван е споредлива со „Мислителот“ на Родин“, скулптурата од 19-ти век.