ВИДЕО: Бикини костимот за капење го слави 70-иот роденден

Дводелниот костим за капење познат како бикини слави 70 години постоење. Во дамнешната 1946 година тоа бил првиот дводелен женски костим за капење кој ја откривал половината и папокот, а на жената им давал чувство на слобода.

Современиот бикини костим за капење настанал во Франција по завршувањето на Втората светска војна во 1946-тата година. Иако денес е најнормално да видите жена во бикини на плажа, тоа отсекогаш не било така.

Првиот историски миг се случил кога австралиската пливачка Анет Келерман, првата жена што го препливала Ла Манш е  уапсена во Бостон затоа што носела припиен едноделен костим за капење. Тогаш таквиот костим бил мошне контроверзен, а малата фабрика Јантцен од Портланд го препознала потенцијалот и направила костим за капење по примерот на оној на Анет Келерман. Сепак тој модел бил мошне поневин од оној што ќе го дизајнира Луј Рар неколку години подоцна.

Модниот дизјанер Жак Хајм во 1946-тата го изработил првиот дводелен костим за капење за жени и го нарекол најмалиот костим на светот – Атом. Тој го изложил овој модел во неговиот дуќан во Кан, а истовремено францускиот дизајнер Луј Реар почнал да продава сличен производ на француската ривиера што го нарекол бикини.

Дури во 60-тите бикини костимот за капење ќе биде пошироко прифатен и станал еден од најпопуларните летни парчиња облека. Костимот за капење бил популаризиран од страна на славните актерки на тоа време како Брижит Бардо, Урсула Андрес и др.

Во хипи движењето кое промовира ослободување, бикините конечно го добиваат своето место во светот на модата заедно со мини сукњите, кратките пантолони и другите оскудни парчиња облека.