ВИДЕО: Биле тажни што не нашле карта за малезискиот авион, сега слават!

Бери и Изи, брачен пар од Шкотска, сакале да отпатуваат во Куала Лумпур, но во Амстердам не успеале да влезат во Боингот 777, кој беше соборен над Украина.

-Не полазаа морници кога ја чувме веста, велат тие.

Бери и Изи сакале да отпатуваат со бебето, но сите карти биле продадени. Затоа останале на аеродромот за да почекаат друг авион, во кој имало место.

-Некое болно чувство ми се појави во стомакот кога ја чув веста. Никогаш не се чувствував така. Тогаш срцето почна да ми чука посилно. Навистина не бев при себе. Почувствував дека некој не сочува тогаш. Ни беше важно да стигнеме на тој лет, а како нешто да ни говореше да не влеземе во авионот. Се тргна наопаку и на крајот не успеавме да влеземе, возбудено ракскажува Бери.