ВИДЕО: Бионсе објави нов сингл по две години

Американската по ѕвезда Бионсе неочекувано објави нова песна, која е прва во последните две години. Текстот и спотот на песната говорат за движењето „Животите на црнците се важни“ и полициската бруталност во САД.

bionseee

Новиот сингл под наслов „Формејшн“ и видеоспотот Бионсе ги објави синоќа, само еден ден пред да настапи пред десетиците милиони телевизиски гледачи за време на полувремето оа финалниот натпревар од првенството на националната лига на американски фудбал „Супербол“.

Песната претставува подарок за нејзините обожаватели и може бесплатно да се симне од сервисот „Тајдал“ чиишто сопственици се Бионсе и нејзиниот сопруг Џеј Зи.