Свет

ВИДЕО: Биста од Сноуден поставена во Њујорк

ВИДЕО: Биста од Сноуден поставена во Њујорк

Група уметници вчера во Њујорк поставиле биста од поранешниот агент на американската служба “NSA”, Едвард Сноуден, во еден парк во Бруклин во Њујорк, но градските власти брзо ја отстраниле.

Чуварите на паркот прво ја покриле бистата со сина пластична церада, за минувачите да не ја гледаат. На дното од бистата поставена во паркот “Форт Грин” стоел натписот “Сноуден”, кој чуварите исто така го покриле, пренесува Telegraf.rs.

Пред чуварите да ја отстранат бистата од 40 килограми, туристите сепак успеале да се фотографираат покрај неа.

Бистата на Сноуден била поставена кај споменикот на 11.000. затвореници кои страдале во заробеништво во Американската борба за независност.

Неименуваните уметници во соопштението навеле дека тоа место било одбрано намерно, за Сноуден да биде сместен во “продолжението на приказната која го започнала создавањето на земјата…создадена на идеали за слободен живот, а не живот под контрола на сопствената влада”.

Сноуден, поранешен службеник во американската безбедносна служба “NSA”, во 2013. година објавил детали од програмите за масовно шпионирање на Американците. Обвинет е за масовна шпионажа, а живее во егзил во Русија.