Балкан

ВИДЕО: Бомба фрлена врз редакцијата на „Вијести“

ВИДЕО: Бомба фрлена врз редакцијата на „Вијести“

Експлозив со голема разорна моќ е фрлен ноќеска во 23,35 часот на редакцијата на дневниот весник „Вијести“ во Подгорица, но за среќа нема повредени.

Експлозивот е фрлен под прозорецот од канцеларијата на главниот и одговорниот уредник Михаил Јововиќ, кој во тој момент се наоѓал во канцеларијата, но не е повреден.

Од силната детонација демолирани се подрумските простории и искршени се стаклата на прозорците од канцеларијата. Во моментот на експлозијата во редакцијата се наоѓале петнаесетина луѓе, и за среќа, никој не е повреден.

На снимките од безбедносните камери се гледа како напаѓачот во црна јакна со качулка на главата, како се приближува од бочната страна на зградата на „Вијести“, а потоа под прозорецот на уредникот поставува експлозивна направа. Потоа се врти и исчезнува од кадарот. По минута и половина на снимката се гледа блесок од експлозија.

Во август пред домот на новинарот на „Вијести“ Туфик Софтиќ исто така беше фрлена експлозивна направа, а претходно физички беa нападнати новинарката Оливера Лакиќ, уредникот Михаило Јововиќ и директорот на весникот Жељко Ивановиќ. Полицијат и обвинителството се уште не ги решиле ниту серијата палење на автомобили на „Вијести“ во летото 2011 година.