ВИДЕО: Бомбашки напад во Истанбул, делови од тела расфрлани на улица

Бомбаш самоубиец денеска се разнесе на пазар во центарот на Истанбул, при што загинаа најмалку 10, а повредени се најмалку 15 лица. Експлозивот бил активиран во близина на група туристи кои биле во обиколка на центарот на градот.

Очевидците и припадници на турската полиција изјавиле дека на местото на настанот има делови од телата на убиените.

2

Експлозијата се случила на централниот пазар Султан Ахмет, покрај Султанахметовата џамија, попозната како Сината џамија.

Локалните медиуми додаваат дека се слушнале уште неколку експлоии, по што полицијата го блокирала подрачјето.

Постои и втора верзија на настанот – дека експлозивната направа била поставена под клупа на пазарот крај џамијата. Според податоците на агенцијата Доган, меѓу жртвите има и германски државјани.

-Преземаме мерки на претпазливост за да не се случи друга експлозија, рекол еден од полицајците.

Сведоците наведуваат дека слушнале силна експлозија, а телевизијата СиЕнЕн Турк објавила снимки на кои се гледа како на лице место пристигнува полицијата и Брзата помош. „Хуриет“ пренесува дека едно полициско возило се превртело на пат кон местото на експлозијата, по што минувачите излегле во пресрет.

4

Ердем Короглу, еден од сведоците кој во моментот на експлозијата се наоѓал во својата канцеларија недалеку од Сината џамија, за локалната телевизија  „НТВ“ рекол дека од прозорецот видел неколку безживотни тела на улицата.

-Беше тешко да се процени кој е жив, а кој мртов. Темелите на зградата се тресеа по детонацијата. Кога истрчав на улица, видов делови од тела, рекол тој.

Турција минатата година претрпе два големи бомбашки напади. Повеќе од 30 лица беа убиени во самоубиствен бомбашки напад извршен од припадник на Исламска држава во јули во Суруч, во близина на границата со Сирија.

Во вториот напад, двајца бомбаши самоубијци пред главната железничка станица во Анкара убија повеќе од 100 лица за време на мирен собир, а канцеларијата на Обвинителството своевреено соопшти дека нападот бил изврпен од страна на локална келија на Исламска држава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.