ВИДЕО: Борба за живот во Србија, ситуацијата се уште критична

Состојбата во Србија се уште е критична поради поплавите.

Евакуирани се повеќе од 15.000 луѓе, но останува критична ситуацијата во Шабац. Вчера кон овој град заминале околу 10.000 луѓе кои сакаа да помигнат во спасувањето на градот од поплавите.

Без струја се 13 општини со околу 80.000 домаќинства во Србија. Поплавени се најмалку 1.600 објекти, а загрозени се најмалку уште 1.500.

Околу 4.000 луѓе досега се авакуирани од српскиот град Обреновац, изјави денеска началникот на Секторот за вонредни ситуации Предраг Мариќ кој се наоѓа во тој град. Тој вели дека не е можно да се предвиди кога ќе биде завршена евакуацијата бидејќи ситуацијата е исклучително тешка.

s

Утрово од училиште во градот се евакуираат околу 500 жени и деца и оти потребно е да се евакуираат итно уште најмалку 1.200.

Помош упатија осум држави членки на Eвропската унија, Русија, САД, Израел, Хрватска и Македонија, а активирана е и српската дијаспора.

По барање на Србија ЕУ го активира механизмот за заштита, а во прв одговор реагираа Франција, Словенија, Бугарија, Германија, Унгарија, Австрија, Чешка и Хрватска.