ВИДЕО: Босанец фрлил бомба во својот стан, за да не му го одземе банката

Истрчав на влезната врата и го видов сопственикот како бега по скалите. Го прашав: “Беко, што направи?”. Тогаш видов оган и густ чад. Веднаш истрчавме надвор, вели шокираната сосетка.

Еден жител на Сараево решил да преземе “мерки” откако банката му се заканила дека ќе му го одземе станот, затоа што не го плаќа уредно кредитот, па во својот стан на Ченгич-Вила фрлил бомба.

На почетокот се шпекулирало за експлозија на плинска боца, но според изјавите на соседите, сопственикот на станот активирал бомба.

“Бев во својот стан во соседната зграда кога ја слушнав експлозијата. Погледнав низ прозор и видов пожар, а кратко потоа пристигнаа и пожарникарите. Кога се симнав во продавница, луѓето рекоа дека сопственикот намерно го уништил својот стан, односно фрлил бомба. Причината наводно била затоа што не платил кредит, поради што дошле претставници од банката”, изјавил еден сведок заKlix.ba.

“Мислев дека станува збор за експлозија на плинска боца, но според тврдењата на луѓето со кои разговарав, сопственикот на станот фрлил бомба и побегнал. Доколку станувало збор за експлозија на плинска боца, немало да има причина да бега”, додал соседот.

Сосетката од станот под уништениот, рекла дека во моментот на експлозијата подготвувала појадок и дека од јачината на детонацијата пукнале прозорите, а таа паднала на под.

“Истрчав на влезната врата и го видов сопственикот како бега по скалите. Го прашав: “Беко, што направи?”. Тогаш видов оган и густ чад. Веднаш истрчавме надвор”, вели шокираната сосетка.

2

“Мислев дека е земјотрес, сè се тресеше. Истрчав надвор и видов хаос. Сè излета од прозорот, а потоа започна и пожар”, рекол Рамо Бељак, кој живее во соседниот влез.

Некои станари не можеле веднаш да излезат поради густиот чад. Им помогнале пожарникарите, кои ги скршиле прозорите во влезот.

Извор: Точка.мк