(ВИДЕО) Бостон го доби дербито со Торонто, страшна повреда на млад кошаркар

Кошаркарите на Бостон Селтикс во својата сала ги совладаа Торонто Репторс со 110:99, и така го намалија заостанувањето зад нив на две победи во трката за водечкото место во Источната конференција на НБА лигата, додека актуелните шампион Голден Стејт Вориорс со повратничкиот настап на Клеј Томпсон славеан кај Сакраменто Кинг со 112:96.

Селтикс победата ја обезбедија во последната четвртина кога ги надиграа гостите со 28:15. Маркус Морис со 25 поени и 9 скокови ги водеше домашните“, Дебитантот Џејсон Тејтам додаде 24 поени со 6 скокови и 4 асистенции, додека Тери Роизер постигна 21 кош со 7 асистенции. Кај Репторс најдобар беше Демар Дерозан со 32 поени, 7 скокови и 7 асистенции.

Со вој пораз на Торонто, Хјустон и теоретски ја обезбеди титулата на најуспешна екипа во основниот дел од сезоната во НБА лигата, а Репторс во последните пет дуели ќе се борат за првото место во Источната конференција со Селтикс.

Во враќањето на терените по скршеницата н палецот од десната рака и осум пропуштени натпревари, Клеј Томас постигна 25 кошеви и беше втор стрелец кај Голден Стејт во победата од 112:96 над Сакраменто Кингс. Кевин Дјурент постигна 27 поени за актуелните прваци кои, најверојатно повторно загубија еден играч.

Младиот бек Патрик Мекоу беше изнесен на носилки откако при еден обид да ја забите топката во кошот и контактот со Винсент Картер падна на грб и остана да лежи десетина минути со многу болен израз на лицето. Картер немаше намера да го повреди противникот, но Меккоу со нога го закачи неговото тело, што предизвика ротација во воздухот и тежок пад. Додека на младиот играч му беше пружана помош, играчите на двете екипи се собраа заедно и се молеа да биде сѐ во ред со младиот кошаркар.

Мајами на домашен терен пропушти можноста да го потврди пласманот во плејофот, со поразот од 109:110 на продолженија од Бруклин Нетс.

Словенечкиот репрезентативец Горан Драгич промаши шут за победа на крајот од регуларниот тек, а Двејн Вејд не успеа да погоди на крајот од продолжението. Драгич и Џејмс Џордан со по 18 поени беа најефикасни кај Хитс, додека Нетс до победата ги водеа Рондае Холс-Џеферсон со 20 кошеви и 14 скокови и Карис Леварт со 19 поени, 12 скокови и 8 асистенции.

Детроит Пистонс со победата во Њујорк од 115:1099 ги задржаа минималните шанси за пласман во доигрувањето, додека Вашингон Визардс со 107:93 ги совладаа Шарлот Хорнетс и го потврдија играњето во плејофот.

НБА резултати, 31.3: Сакраменто – Голден Стејт 96:112, Мајами – Бруклин 109:110 (Продолжување), Бостон – Торонто 110:99, Њујорк – Детроит 109:115 и Вашингтон – Шарлот 107:93.

 

 

Пласман

 

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Атлантска дивизија

1. Торонто 55-21
2. Бостон 53-23
3. Филаделфија 45-30
4. Њујорк 27-50
5. Бруклин 25-51

Централна дивизија

1. Кливленд 46-30
2. Индијана 45-31
3. Милвоки 41-35
4. Детроит 36-40
5. Чикаго 25-51

Југоисточна дивизија

1. Вашингтон 42-34
2. Мајами 41-36
3. Шарлот 34-43
4. Орландо 22-53
5. Атланта 21-55

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Северозападна дивизија

1. Портланд 47-29
2. Минесота 44-33
3. Оклахома Сити 44-33
4. Јута 43-33
5. Денвер 41-356

Пацифичка дивизија

1. Голден Стејт 54-21
2. ЛА Клиперс 41-35
3. ЛА Лејкерс 33-42
4. Сакраменто 24-52
5. Феникс 19-58

Југозападна дивизија

1. Хјустон 62-14
2. Сан Антонио 44-32
3. Њу Орлеанс 43-33
4. Далас 23-53
5. Мемфис 21-55