ВИДЕО: Браќа канибали фатени со човечка глава на трпеза!

Веднаш по ослободувањето од затвор каде издржувале казна за канибализам, двајца браќа од пакистанскиот град Бакра, биле повторно фатени додека во својата куќа јаделе човечка глава.

Ариф и Фарман прв пат биле уапсени во април 2011 година кога било откриено дека распарчале и изеле околу 150 трупови од локани гробишта. Бидејќи Пакистан нема конкретен закон против канибализмот, уапсените биле судени за нарушување на јавниот ред и мир и им била изречена казна од по две години затвор. По издржување на казната, браќата се вратиле дома и продолжиле со својот начин на исхрана.

Полицијата, деновиве упаднала во нивната куќа и пронашла до пола изедена глава на едно момче. Ариф бил уапсен и го признал делото, а Фарман успеал да избега и полицијата се уште трага по него.

Во текот на издржување на казната, браќата биле изложени на медицински испитувања од страна на тим невропсихијатри кои се обиделе да ги пронајдат причините за нивниот канибализам.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.