ВИДЕО: Браќа невини минале во затвор 30 години

Полубраќата Хенри Ли МекКолум и Леон Браун минале 30 години во затвор поради злосторство кое не го извршиле. Вчера, откако се појавиле нови ДНК докази, биле ослободени. Биле обвинети за силување и убиство на 11-годишно девојче од Северна Каролина во 1983. година.

50-годишниот МекКолум и 46-годишниот Браун служеле доживотна затворска казна. Иако двајцата по приведувањето ја признале вината за злосторството, најновата истрага покажала дека не постојат ДНК докази кои би ги поврзале со местото на злосторството и самото злосторство.

Филтер од цигара бил пронајден на местото на злосторството, кој бил тестиран во 2010. година, и со случајот поврзал трет маж, Роско Артис, кој живеел во непосредна близина на местото на кое девојчето било силувано и убиено. Тој моментално служи казна затвор за друг случај на силување и убиство.

“Не може да се објасни со зборови низ што се минале двајцата браќа и колку изгубиле”, рекол нивниот адвокат Кен Роуз. Исто така кажал дека двајцата имаат ментални потешкотии, па кога ја потпишувале изјавата во која ја признале вината, верувале дека ќе бидат ослободени. Кога ја потпишувале изјавата со нив немале адвокат.

Телото на 11-годишната Сабрина Буие било пронајдено во 1983. година, а истрагата потврдила дека пред убиството била силувана. Неколку седмици по истрагата, биле уапсени тогаш 19 и 15-годишните МекКолум и Браун. По 30 години, конечно се на слобода.