Видео: Браќата на српскиот премиерот и градоначалникот на Белград претепани од полицијата

Српските медиуми објавија дека припадници на жандармеријата покрај братот на српскиот премир, Андеј Вучиќ, ги претепа и трите членови на неговото лично обезбедување.

Меѓу претепаните од личното обезбедување е и братот на градоначалникот на Белград, Предраг Мали. Наводно, до конфликтот дошло кога Андреј Вучиќ со обезбедувањето, се обидел да помине низ полицискиот кордон.

Како што пренесува Блиц, припадниците на жандармеријата сакале да го легитимираат Вучиќ и неговата придружба, по што дошло до турканици. Истиот извор наведува дека неколку луѓе по тепачката завршија во болница.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.