Видео: Брутални тренинзи на припадниците на ИД

Се претпоставува дека од Велика Британија во Исламската држава има повеќе од 500 лица кои се борат на страната на џихадистите. Ова видео ја прикажува бруталната иницијација која морале да ја минат.

Сцените во ова видео се само некои од многуте кои се објавени ширум светот и на кои може да се види како изгледа обуката на џихадистите.

Воени шатори и разни оружја, вклучувајќи и AK-47 и автоматски пушки, може да се видат на ова видео на кое групата џихадисти се прикажува како војска, а не како терористичка организација, пишува Daily Mail.

Но, некои од методите во видеото откриваат повеќе за нивниот екстремистички карактер. Тука се вбројуваат моментите кога терористите ги удираат регрутите со нозе во гради, како и моментите во кои џихадистите пукале над главите на новите регрути додека се провлекувале под жиците.

Но, тоа не е се’. Меѓу паузите од физичката активност, се држат предавања по фанатизам.

Центрите на Исламската држава како што е овој, се целите на американските воздушни напади. Ова видео го објавила самата Исламска држава, за да ја покаже својата сила и покрај нападите на коалицијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.