ВИДЕО: Бунтовна руска новинарка: Не одиме на Крим, доста со манипулација!

Лиз Вал, која претходно ја поддржа колешката Аби Мартин во осудата на руска воена интревенција во Украина, јавно дала отказ.

При крајот на емисијата говорела за етичкиот и морален предизвик со кои се носи работејќи за Раша Тудеј.

Мартин претходно даде отказ во програма бидејќи ја испратиле да известува од Крим што таа го одби на интересен начин.

Вал споменала дека нејзиното семејство во Америка заминало бегајќи пред советските сили во 1956 година за време на унгарската револуција. Покрај тоа, рекла дека е ќерка на американски ветеран и партнерка на доктор во американска воена база.

„Тоа е лична причиња зошто повеќе не можам да работа на оваа мрежа која ја финансира руската влада и која ги заташкува акциите на Путин“, вели Вал во својата последна емисија.

„Горда сум што сум Американка која верува во ширење на вистината. Тоа е причина поради која по овие вести поднесувам оставка“, изјавува на крајот водителката.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.