ВИДЕО: Цел град замрзна за една ноќ!

Жителите на местото Дудинка во Сибир, вчера наутро биле непријатно изненадени кога виделе дека нивниот град преку ноќ се претворил во санта мраз.

Големото снежно невреме ја оштетило главната водоводна цевка во градот, која набрзо пукнала, па градските улици биле поплавени во секунда.

Кога се случила несреќата, надворешната температура изнесувала -40 степени Целзиусови.

Колку бил мразот висок, зборува и фактот дека луѓето кои живеат на приземје, не можеле да излезат од своите домови. Во Дудинка нема струја и топла вода, но затоа интернетот работи совршено, пишува Daily Mail.

“Доколку некој се сомнева во тоа колку е ладно во Дудинка, слободно нека ги погледне фотографиите кои ги праќаат нашите граѓани”, рекле од локалната заедница.

Extreme Cold Freezes Hot Water Pipes And Creates Huge Frozen Sea

3

4