ВИДЕО: Цела администрација од Куманово СДСМ ја донесе во Скопје

Иако Зоран Заев јавно изјави дека СДСМ немал намер да носи автобуси од цела Македонија,  само од Куманово пристигнати се околу 30 автобуси, пишува „Курир“.

Порталот објави снимка направена на булеварот Теодосиј Гологанов што ги покажува автобусите со кумановски таблички кои пред малку пристигнаа во Скопје.

Покрај од Куманово, предвидено е да пристигнат 18 автобуси од Велес, од Крива Паланка 12, од Тетово и Гостивар по 5, од Штип уште 9.

Целата администрација што е под контрола на СДСМ, но и вработените во нивните фирми биле предмет на уцена за да се појават на протестот.

kumanovo-2-640x360

Под закана биле дури и вработените во Скопје, односно општина Центар кои во работно време биле ангажирани да делат пропагандни материјали за протестите и да повикуваат на поголема излезност.