Магазин

ВИДЕО: Чарли Шин им одржа лекција на оние кои се полеваат со вода

ВИДЕО: Чарли Шин им одржа лекција на оние кои се полеваат со вода

Чарли Шин им одржа лекција на сите оние кои во знак на хуманитарност врз себе истурија ладна вода.

Кога сите мислеа дека и тој ќе го стори истото од тенџерето започнаа да летаат долари, а тој само прокоментира: „Чекај, ова не е мраз, ова се 10 илјади долари“.

Тој додаде дека мразот ќе се стопи, но парите всушност ќе им помогнат на оние на кои им се најпотребни.

На крајот тој ги предизвика Џон Крајер, Чак Лори и Ештон Качер да го сторат истото.