ВИДЕО: Чавков: Алфите што ги вработи Спасовски сакаа со автоматско оружје да извршат упад во МВР

алфите

Чавков рече дека во текот на денешниот ден ќе се спроведе проверка и истрага.

„Јас разговарав денеска со началникот на СВР Скопје, тој не знаеше дека се ангажирани Алфите и не знаеше дека Алфите се присутни во кругот на МВР и се стционирани пред УБК. Тој беше изненаден и псоле моето јавување ги повлече луѓето“, рече Чавков.

Директорот на БЈБ рече дека активирањето на Алфите секако е противзаконски и тоа ќе се докаже во текот на денешниот ден, бидејќи треба да се види кој ги ангажирал, за која задача ги ангажирал и според кој критериум се определени токму овие луѓе да бидат ангажирани

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.