ВИДЕО: Чекањето на црвено станува забавно!

Со мала креативност и согласност на властите, Лисабон го красат „разиграни“ семафори, кои чекањето на раскрсница го прават интересно.

s1

Секој танц кој е прикажан се изведува во живо! Поставени се соодветни простории каде секој може да влезе и да го изигра танцот кој се пренесува на семафорите.

s2

Секое разиграно човече е всушност случаен минувач кој решава да се позабавува и да се расположи не само самиот, туку и пешаците кои чекаат да се запали зеленото светло.

s3

Оваа промена покажала дека луѓето почнале да застануваат на црвеното светло дури 81% повеќе од претходно. Со помош на креативноста, безбедното станува и забавно!