ВИДЕО: Четири нови мистериозни дупки се отвориле на Сибир!

Четири нови мистериозни огромни дупки во земјата се отворија на Сибир. Секој кратер е окружен со уште најмалку 20 помали, а експертите велат дека е време да се исплашиме.

Научниците стравуваат дека причина за ова е глобалното затоплување.

Кратерите се отвориле во пермафрост, вечно замрзната зона на полуостровот Јамал. Во истата област минатата година се појавиле три огромни дупки.

krater2

Се смета дека дупките настануваат по ерупциите на метан од пермафростот, а тој успева да се пробие затоа што замрзнатото тло секогаш се раствора.

Еден од четирите големи кратери, околу кој се појавиле уште најмалку 20 помали, е оддалечен 10 километри од голема рафинерија за гас.

Експертите велат дека очекуваат да се отворат уште 30 кратери, а професорот Василиј Богојављенски, заменик директор на Институтот за истражување на нафта и гас при Руската академија на науки, побарал овој феномен итно да се истражи, пренесува Daily mail.

“Пет дупки има токму на полуостровот Јамал, една е во дистриктот Јамал, а една на северот на регионот Краснојарск, крај полуостровот Тејмир. За четири знаме точно каде се наоѓаат. Меѓутоа, убеден сум дека на Јамал има и други кратери, само треба да ги побараме”, вели професорот Богојављенски.