Видео: Чиј гол е подобар: На Бабунски или Барди?

Селекцијата на Македонија за играчи до 21 година славеше против Романија со 2:1 на пријателски меч одигран синоќа на „Филип Втори“.

Стрелци на головите за нашата репрезентација беа Давид Бабунски и Енис Барди. Македонскиот талент и член на Барселона во 30-тата минута постигна убав гол од слободен удар, а во 62-та на фантастичен начин, по една соло акција, му асистираше на Барди за втор гол во мрежата на Романија.

Инаку на клупата на Македонија дебитираше новиот селектор Боби Милевски.

Голот на Давид Бабунски

Голот на Енес Барди