ВИДЕО: Чоколадни гнезда за вашата велигденска трпеза

За најголемиот христијански празник израдувајте ги домашните со неодоливи чоколадни гнезда на кои што најмладите тешко ќе оддолеат…

Потребно е:

  • Фиде од ориз
  • Чоколада за готвење
  • Чоколада или бомбони во облик на јајца
  • путер

Подготовка:

  1. Стопете ја чоколадата
  2. Искршете го фидето на стапчиња со должина од 8 до 10 сантиметри
  3. Фидето ставете го во чинија и врз нив истурете ја стопената чоколада
  4. Земете уште две помали чинии и едната обложете ја со проѕирна фолија, а потоа премачкајте ја со стопен путер, за фидето да не се лепи.
  5. Фидето што сте го премачкале со чоколада преместете ги во другата чинија и потоа со рацете обликувајте гнездо, а на средината притиснете ја помалата чинија за да добиете вдлабнатина.
  6. Готовите гнезда ставете ги да се оладат во ладилник 15 – 20 минути.
  7. Внимателно извлечете ги и во нив ставете чоколадни јајца.