ВИДЕО: Човек скокна во живеалиште на лавови

Посетител во зоолошка градина во Барселона бил сериозно повреден откако скокнал во живеалиштето на лавот, во кое бил нападнат од неколку диви мачки, пренесе вчера шпанската новинска агенција ЕФЕ.

Мотивите на неговото влегување во лавовската пештера не се познати.

Чуварите во зоолошката градина со помош на водени млазови успеале да ги избркаат животните од човекот, кого го спасила противпожарната единица низ тунелот што води кон кафезот со животни.

Човекот е сериозно повреден и има повреди опасни по живот, а моментално се наоѓа на лекување во локалната болница.