ВИДЕО: Човекот кој постојано крши Гинисови рекорди

Поставување гинисови рекорди, луди, урнебесни и тотално бесмислени е навистина интресно и храбро, но уште поинтересно е да се обидуваш да ги срушиш овие веќе поставени рекорди. Таква цел си поставил Ашрита Фурман кој се запишал во Гинисовата книга на рекорди како „Најдобриот кршач на рекорди“.

Фурман во Гинисовата книга на рекорди веќе држи над 400 рекорди.

Во своите обиди да се запише уште еднаш во книгата на рекорди, тој има направено најразлични и најлуди работи, 27.000 пати скокнал „банџи“,ги носел најтешките чевли во историјата, балансирал косилка на својата брада и го направил најголемиот тениски рекет во историјата.