ВИДЕО: Чудо невидено – Половина лисица, половина жена

Ако некогаш патувате во Пакистан, задолжително посетете ја Зоолошката градина во Карачи, бидејќи таму ќе видите неверојатна глетка – лисица со глава на жена. Имено, ќе се сретнете со Мумтаз Бегум, митолошко суштество со тело на лисица и човечка глава.

Оваа туристичка атракција во Зоолошката живее во специјален кафез. Посетителите практично повеќе доаѓаат во Зоолошката за да го видат Мумтаз, отколку „обичните“ диви животни.
Сепак, не станува збор за некоја комбинација на човек и ѕвер. Зад ликот на Мумтаз се крие маж, Мурад Али (33) кој секој ден, 12 часа ја игра таа улога. Пред него, лисицата со глава на жена бил неговиот татко.

Во Зоолошката се наплаќа посебен билет за Мумтаз, кој чини околу 10 центи. За тие пари, Мумтаз разговара со посетителите и им ја предвидува судбината.

Директорот на Зоолошката градина вели дека жените и децата им се најдобри муштерии.
„Тие доаѓаат за да ја видат и да разговараат со неа. Тоа е некој вид уметност, а Али е како актер кој ја игра таа улога и ги забавува децата“, кажува директорот.