ВИДЕО: Ципрас доби жестока лекција во Европарламентот

Ципрас доби жестока лекција во европарламентот

Дел од европарламентарците, во рамки на вчерашната дебата во Европскиот Парламент, го критикуваа премиерот на Грција Алексис Ципрас, затоа што не дава „конкретни предлози“ во преговорите со кредиторите.

Претседателот на Алијансата на Либерали и демократи за Европа (Алде) и  поранешен премиер на Белгија, Ги Верхофштад, буквално му оддржа жестока лекција во Европарламентот.

– Вистина е она што го рековте. Рековте „Грците направија огромни напори“ и  тоа е вистина. Но, проблемот не е таму, туку во тоа што грчката политичката класа не направи доволно напори во случајот со Грција и тоа е проблемот. Јас сум гневен што мора да ви кажам дека вие говорите за реформи, но никогаш не видовме конкретни предлози за реформи, рече Верхофштад, на што најголем дел од европарламентарците аплаудираа.

Како што нагласи, гневен е затоа што веќе пет години „се месечари“ кон „Грегзит“ , а во последниот месец се трча кон „Грегзит“, а цената од тој исход ќе ја платат обичните граѓани на Грција.

– Намалете ја јавната администрација, приватизирајте ги државните банки, отворете ги пазарите и понудете повеќе професии за младите луѓе, ставете крај на привилегиите за сопствениците на бродови, војската, грчката православна црква, привилегиите на грчките острови и политичките партии, побара либералот Верхофштад.

Поранешниот премиер на Белгија го праша Ципрас дали тој сака да биде запомнет како „изборна несреќа која што уште повеќе ги осиромаши луѓето во неговата земја?“.

– Или сакате да ве помнат, г-дине Ципрас, како вистински револуционерен реформатор?

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.