ВИДЕО: Ципрас: Имаме докази дека Меркел ја ограби Грција, ќе заврши во Хаг!

Приметно е дека медиумите ја премолчуваат веста која како атомска бомба одекна во Грција, а ја пренесоа тамошните новинари блиски до новата влада на Ципрас.

Имено Ципрас во текот на средбата со Мартин Шулц, претседателот на ЕП, испрати неколку пораки до германската канцеларка Ангела Меркел.

Не само што испрати порака, туку во пракса посака да и се врачат и документите (Промеморија) во кој се наоѓаат докази за сите големи измами на грчките и германските индустријалци и бизнисмени, нивата работа, односно колку сето тоа ја чинело грчката државна благајна, пишува грчкиов весник Триклоподиа, пренесува Прес 24.

Ципрас ја обвинува германската влада дека се ставила во улога на големите грчки индустриски олигарси и работела во интерес на германските мултинационални компании.

Господине Шулц, Германија, мојата земја ја донесе до банкрот, а во овие документи се сите скандали со сите потребни докази: Siemens,возови, подморници, градежни компании, затајување на даноците и трајниот имунитет за сите кои ги правеле тие измами и нивно одобрување.

„Весникот Лагард“ (поради актуелните челници на ММФ) отсекогаш биле криени од претходните власти со согласност на Германија.

Да, вие, наместо финансирањето на банките, инсистиравте на финансиска контрола на индустријата и олигарсите и наместо да ги фрлавте парите во ѓубре, можевте да ја покренете програмата за реално спасување на Грција.

Не е можно да ги отпуштите 400 чистачки, а да ги оставите неказнети најголемите затајувачи на данок, кој украдоа повеќе од милијарда евра. Не е можно да не сте го знаеле тоа, господине Шулц?“, продолжи грчкиот премиер.

Во еден момент, Ципарс му рече:

Меркел ќе ја изведеме пред Меѓународниот казнен суд во Хаг за намерно предизвикување на осиромашување на народот на Грција, и да докажеме дека Германија има удел во создавањето и работењето со германските грчки магнати“.

Сиромаштијата на нашата земја трае долг период. Уште од Втората Светска војна, цело време Германија во пракса ни ги наметнуваше политичарите и владите“, изјави Ципрас.

Претседателот на Европскиот парламент остана запрепастен и без можност да артикулира било каков одговор пред документите кој му беа доставени на увд од страна на Ципрас и Никос Папас.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.